(Видео) Трилинг: Дали е можна влада ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но без ДУИ?

Идат избори, се зголемува политичката и лидерска агресивност. Неказнивоста ја стимулира дрскоста на полтроните и партиските јаничари.

За првпат Европската Унија го апострофира Али Ахмети за високата и правна и судска нестабилност и несигурност.

Демографија – ем старееме, но и се отселуваме. Новите генерации ги губиме.

Гости во вчерашното издание на Трилинг беа проф. д-р Благица Новковска – поранешна директорка на Државниот завод за статистика, Сања Лукаревска – директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ и Влатко Ѓорчев – член на ИК на ВМРО- ДПМНЕ.