
(ВИДЕО) САД запленија брод под иранско знаме во близина на Ормуз, Техеран вети одговор
Американските сили пресретнаа и презедоа контрола врз товарен брод под иранско знаме во Оманскиот Залив, откако се обидел да ја пробие поморската блокада во близина на Ормуската Теснина, изјави претседателот Доналд Трамп, додека Техеран вети дека ќе одговори.
Американските сили пресретнаа и презедоа контрола врз товарен брод под иранско знаме во Оманскиот Залив, откако се обидел да ја пробие поморската блокада во близина на Ормуската Теснина, изјави претседателот Доналд Трамп, додека Техеран вети дека ќе одговори.
Иран „наскоро ќе одговори“, пренесе Press TV, медиум близок до раководството на земјата, цитирајќи ја врховната заедничка воена команда на Иран, пренесе ДПА.
Трамп на својата платформа Truth Social вчера соопшти дека бродот, идентификуван како TOUSKA, се обидел да ја заобиколи американската поморска блокада. Тој го опиша бродот како долг речиси 274 метри и со тежина споредлива со носач на авиони.
Според Трамп, екипажот ги игнорирал сигналите за предупредување, по што американскиот разурнувач USS Spruance пукал во машинскиот оддел на бродот, со што го запрел. „Имаме целосен надзор над бродот и проверуваме што има во него“, напиша тој.
Централната команда на САД (Центком) објави на X дека бродот бил на пат кон иранскиот пристаништен град Бандар Абас во Ормуската Теснина. Американската војска издавала предупредувања повеќе од шест часа, но екипажот не ги почитувал, се вели во соопштението.
USS Spruance потоа му наредил на екипажот да го евакуира машинскиот оддел пред да го онеспособи погонскиот систем на бродот со повеќе истрели, според Центком.
U.S. Marines depart amphibious assault ship USS Tripoli (LHA 7) by helicopter and transit over the Arabian Sea to board and seize M/V Touska. The Marines rappelled onto the Iranian-flagged vessel, April 19, after guided-missile destroyer USS Spruance (DDG 111) disabled Touska’s… pic.twitter.com/mFxI5RzYCS
— U.S. Central Command (@CENTCOM) April 20, 2026
САД воведоа ограничувања за бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. Според Центком, на 25 комерцијални бродови веќе им е наредено да се свртат или да се вратат во иранските пристаништа. Трамп додаде дека TOUSKA е на американската листа на санкции поради наводни илегални активности. Властите сега го истражуваат бродот и неговиот товар.
Инцидентот се случи неколку часа откако Трамп изјави дека американските преговарачи денеска ќе бидат во Исламабад на нови разговори со Иран, но иранските државни медиуми објавија дека Техеран се противи на одржување втора рунда преговори.
Откако првата рунда разговори минатата недела во Пакистан заврши неуспешно, Техеран го одбива вториот состанок бидејќи претераните барања на САД, постојаната промена на курсот на Вашингтон и продолжената поморска блокада на иранските пристаништа не нудат „никаква ветувачка перспектива за сериозни преговори“, пренесе државната новинска агенција ИРНА.
Агенцијата ги опиша извештаите за одржување на втора рунда разговори како медиумска кампања оркестрирана од САД со цел да се изврши уште поголем притисок врз Техеран преку меѓусебни обвинувања.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД за кршење на договорот, осудувајќи го она што го опиша како „продолжени провокативни и илегални дејствија“ поврзани со поморската блокада против Иран.
Во телефонски разговор со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, Пезешкијан рече дека овие мерки претставуваат јасно кршење на прекинот на огнот. Тој додаде дека таквите акции, заедно со заканите од американскиот претседател, ја продлабочуваат недовербата и предупреди дека Иран цврсто ќе се брани од САД и Израел.