(Видео) Путин во ненајавена посета на Мариупол

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа беше во непланирана посета на Мариупол.

Посетата дојде откако Путин вчера ненајавено патуваше на Крим за да ја одбележи деветгодишнината од руската анексија на полуостровот, и само два дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот лидер.

Путин полета за Мариупол со хеликоптер, а потоа возеше автомобил околу неколку области на градот, правејќи застанувања, објави Кремљ.

На патувањето го придружуваше вицепремиерот Марат Хуснулин. Се зборуваше за изградба на микрообласти, социјални и образовни објекти, болници.

Во микро-областа Невски, Путин разговараше со граѓаните. Тој го истражувал и брегот на Мариупол. За време на патувањето низ градот зад воланот на автомобилот бил рускиот претседател.