Алкараз во финале против Медведев за прво место на АТП листата

Поранешните светски тенисери број 1, Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Данил Медведев ќе се борат за своја прва титула на АТП 1000 турнирот во Индијан Велс по убедливите победи во полуфиналните мечеви.

Алкараз може да се врати на првото место на АТП листата со победа, откако беше подобар од Италијанецот Јаник Синер за трето финале во 2023 година, додека Медведев сега има 19 победи во низа и бара четврта титула во низа, по трофеите во Ротердам, Доха и Дубаи.

Тој победи над Американецот Френсис Тиафоу.

„Среќен сум што не го загубив овој меч, бидејќи тоа ќе ме прогонуваше долго време“, изјави Медведев.

Алкараз, кој ја пропушти Австралија опен поради повреда, вели дека едвај го чека мечот со Русинот.

„Јас сум амбициозен човек. Сакам да играм против најдобрите на светот и би кажал дека во моментов Данил е најдобриот тенисер. Има луда серија и ќе биде вистински предизвик“, вели Алкараз.