(ВИДЕО) Лукаревска до Славески: Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, му презентираше видео на гувернерот Трајко Славески.

„Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески:

„Може ли еден ситен сопственик на една менувачница да стане милијардер? Може, ако татко на таа банка е Александар Вучиќ. Сега ќе кажам една атомска бомба од извори од Белград. Што е тоа Алта – Александар и Тамара, втората жена на Вучиќ“, се наведува во видеото.