Велика Британија – 20% од вработените во јавните институции ќе добијат отказ!

Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон им наложил на членовите на неговиот кабинет да направат план за да се врати бројот на вработени во јавните институции на ниво од 2016 година. Тоа значи дека 20% од вработените во јавните институции ќе добијат отказ.

Министрите треба да направат план со кој ќе се заштедат повеќе од 1 милијарда долари во буџетот, што е дел од мерките насочени кон олеснување на сегашната криза на трошоците за живот на граѓаните, но и овозможување на донесување закон за намалување на даноците.

Сега во државната служба во земјата има 475.000 вработени, а намерите на премиерот да ја намали таа бројка.

„Секоја фунта што на нив им се исплаќа се пари на граѓаните што би можеле попаметно да ги искористат за свои потреби и приоритети, за сопствениот живот“ – рече Џонсон.