Алексис Ципрас останува лидер на СИРИЗА

Алексис Ципрас останува лидер на партијата СИРИЗА во Грција откако на вчерашните партиски избори беше реизбран за претседател на партијата.

Ципрас немаше противкандидат, а по завршувањето на гласањето посочи дека биле вклучени над 110.000 нови членови и дека беше направен „голем, значаен и решителен чекор за одново да се врати надежта во земјата“.

„СИРИЗА, со 30.000 членови, во минатото победи во три круга избори. СИРИЗА, со 172.000 членови денес, сигурно ќе биде првата партија со разлика на следните избори, тогаш кога господинот Мицотакис ќе реши да распише избор“ рече Ципрас.

Додаде дека СИРИЗА стана „најмасовната партија со активни членови во Грција и една од најмасовните партии на левицата во цела Европа“.