Србите, припадници на косовската полиција, по состанокот на политичките и институционалните претставници на Србите во Звечан, ги соблекоа униформите, симболично покажувајќи дека ги напуштаат косовските институции, пренесува Косово Онлајн.
На состанокот во Звечан, претставниците на косовските Срби одлучија да ги напуштат сите институции во Косово.
Заминувањето на Србите од косовската полиција уследи по суспензијата на командантот на косовската полиција за северот на Косово, кој одби да им дозволи на припадниците на полицијата на северот да издаваат опомени и да одземаат возила што немаат регистарски таблички на РКС.
Пред полицајците оставка од министерската функција поднесе Горан Ракиќ, а потоа пратениците од Српската листа, а од тие позиции градоначалниците во четири општини на северот на Косово.