Во Македонија годишно се пијат во просек 6,43 литри алкохол, Чешка е шампион со 14,26

„World Population Review“ објави податоци за просечната потрошувачка на алкохол во светот. СЗО забележала потрошувачка на алкохол во секоја земја во литри чист алкохол за пиво, вино, жестоки пијалоци и други алкохолни пијалоци.

Просечната светска потрошувачка е 6,18 литри, со исклучително висока концентрација на поголема консумација во Европа.

Ова се ТОП 10 земји со најголема потрошувачка на алкохол:

Чешка – 14.26

Летонија – 13.19

Молдавија – 12,85

Германија – 12,79

Литванија – 12,78

Ирска – 12,75

Шпанија – 12,67

Уганда – 12.48

Бугарија – 12.46

Луксембург – 12:45

Податоците покажуваат дека во Македонија се пијат просечно по 6,43 литри годишно по глава на жител.

Според оваа статистика, мажите во Македонија пијат 10,36 литри наспроти жените кои пијат 2,54 литри.

Од земјите во регионот, повеќе алкохол се пие во Црна Гора (12,24), Словенија (12,11), Грција (10,5), Србија (8,85), Хрватска (8,73), Босна и Херцеговина (7,81) и Албанија (6,82).

Во светот воопшто не се пие алкохол во Сомалија, Бангладеш, Кувајт, Мавританија и Саудиска Арабија.