Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти
Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија ги објави на својата веб-страница привремените резултати со обработени 68,34 проценти од протоколите од страна на секциските изборни комисии (СИК) во окружните изборни комисии (ОИК).

Податоците се од 7:00 часот наутро по бугарско време (6 по македонско), пренесе БТА.
Резултатите од изборите за пратеници во 52-от состав на парламентот, спроведени вчера, ја покажуваат следната распределба:
„Прогресивна Бугарија“ – 44,487 проценти
„Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП – ДБ) – 14,002 проценти
ГЕРБ – УДФ – 13,104 проценти
Движење за права и слободи (МРФ) – 5,386 проценти
„Преродба“ – 4,516 проценти
Според Изборниот законик, ЦИК мора да ги објави добиените гласови и распределбата на мандатите меѓу партиите и коалициите најдоцна четири дена по денот на изборите, а имињата на избраните пратеници најдоцна седум дена по денот на изборите.
Во Бугарија вчера се одржаа осмите избори за Народното собрание од 2021 година.