Бојаџиев: Менталната матрица кај нас мора да се смени

„Ја добивме државава со малку пролеана крв. Влеговме во НАТО, тоа е стабилност за државата. Суштинската порака се дека реформите не се за во ЕУ – тие се за кај нас дома. Европеизацијата на државата, тоа е клучното“ вели меѓудругото универзитетскиот професор Марјан Бојаџиев во „Трилинг“.

Тој смета дека „менталната матрица кај нас мора да се смени“.

„Треба да почне да се решаваат проблемите. Гледаме што се случува со корупцијата, отидовме зад Африка и Азија. Никој не постапил никогаш по извештајот на ДЗ на ревизија, еден, двајца да гоните за криминалот, другите веќе ќе размислуваат. Многу мали чекори треба да се направат за да почнеме да размислуваме понормално“ вели професор Бојаџиев.