Омикрон-варијантата презела дел од генетскиот материјал на вирусот на настинка

Омикрон – најновата варијанта на коронавирусот се верува дека презела парче од генетскиот материјал на друг вирус, најверојатно оној што предизвикува обична настинка, кој е присутен кај истите заразени клетки, откриваат истражувачите.

Светските агенции пренесуваат дека ова не е забележано во ниту една претходните варијанти на коронавирусот, а е присутно кај многу други вируси, вклучително и оние кои предизвикуваат настинки.

„Омикрон со преземањето на новиот „код“, се прави себеси „почовечки“, што може да му помогне да го избегне имунолошкиот систем“ – вели Венки Саундарарајан – експерт во „Nference“, компанија за анализа на податоци со седиште во Кембриџ.

Овие анализи откриваат дека може вирусот полесно се пренесува, но и дека предизвикува само блага или асимптоматска болест, што би било одлична вест за човештвото по две години пандемија.

Претходните студии покажуваат дека клетките во белите дробови и гастроинтестиналниот тракт може да содржат САРС-КоВ-2 и вируси на обична настинка во исто време.