Бојаџиева: Центар за едукација, самоевалуација и создавање на квалитетен наставен кадар, тоа е клучот тука

„Наша должност, обврска и одговорност е пред се да направиме подобро место за едукација на нашите студенти на медицинскиот факултет’’ – вели проф. д-р Соња Бојаџиева во најновото издание на Трилинг.

,,Центар за едукација, самоевалуација и создавање на квалитетен наставен кадар. Тоа е клучот тука. Ние треба да дадеме. Ние да сме квалитетни во оние стандарди со кои што ке бидеме репер со  евроспките универзитети и европскиот медицински факултет за да можеме да оставиме добар кадар’’ –истакна таа.

,,Мораме со младиот кадар да работиме, со нив да сме заедно, и онаа визибилност точно, визибилноста мора да биде присутна, не само веб страна, да бидеме поврзани со онаа екстензија, да почнеме од студентите, студенти, катедри, Медицински факултет и УКИМ. Сите да се поврземе и да видиме што работиме – потенцираше Бојаџиева.