Бислимоски: Цената на струјата сигурно ќе поскапи, се уште не е утврдено колку
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика – Марко Бислимоски утринава во гостување на ТВ24 рече дека зголемувањето на цената на електрична енергија за 2022 за домаќинствата и малите потрошувачи ќе има.
„Министерот кажа под 10, други кажуваа 70, некои викаа 30 проценти. Никој од нив на крајот од денот нема да ја понесе одговорноста. Барањата на МЕПСО е 82,83 отсто зголемена , не е 60 отсто. Електродистрибуција побара 100 проценти. Во моментов само од овие две компании 40 отсто зголемување е побарано на сметките за домаќинства и мали потрошувачи. Дел од профитите кои што им се гарантирани, ќе ги тргнеме оваа година. Компаниите ќе изглезат од комфорната зона“ рече меѓудругото Бислимоски.
Тој додаде дека во моментов ТЕЦ „Неготино“ произведува 90 мегавати дневно, а термоелектраната „Осломеј“ повторно не е во функција.
Бислимоски наведе дека како Регулаторна комисија ќе направат се да ја спасат дневната евтина тарифа, а рече дека ноќната евтина тарифа и онаа во неделите не била воопшто доведена во прашање.