Ѓукановиќ смета дека Владата во Црна Гора нема да го преживее јануари. 2022 година

Претседателот на Црна Гора – Мило Ѓукановиќ тврди дека Владата во земјата „нема да го преживее јануари 2022 година“.

Ѓукановиќ во интервју за „Антена М“ изјавил дека анкетите на јавното мислење покажуваат дека поддршката за Владата е „на историски минимум “.

„Последниот податок што го прочитав е дека се работи за 35 отсто од јавната поддршка. Кога ќе се вкрстат тие информации, јасно е дека оваа Влада го изгубила своето време и затоа е неминовно да се очекува дека веќе во почетокот на следната година би требало да треба да имаме нова Влада“, смета претседателот Мило Ѓукановиќ.