„Многу е важно да имаме разбирање не само по прашања за кои можеме да работиме заедно. Хрватско – словенечкиот модел покажува дека нерешените прашања го кочат преговарачкиот процес. На времето имаше 9 месеци кога Словенија не даваше да почнат преговорите на Хрватска. Затоа, ако има отворени прашања, тие треба претходно да бидат решени“ – вели Бисерка Бенишева, поранешната амбасадорка на Бугарија во ЕУ во разговор за Трилинг.
По двете средби на двете влади, македонската и бугарската, Бенишева смета дека „комисиите имаат цел на зближување и правење позитивна атмосфера за решавање на чувствителните прашања.
„Јас сум умерен оптимист дека во разумни рокови двете држави ќе ги направат стратегиските цели. Успех би било да се постигне согласност за еден конкретен графикон за отворените прашања и преземање краткорочни мерки“ вели таа: