Бил Гејст: Ковид 19 за една година ќе биде на ниво на сезонски грип
Милијардерот и основач на „Мајкрософт“ – милијардерот Бил Гејтс во Сингапур изјави дека бројот на луѓе кои умираат од коронавирус „значително“ ќе се намали со зголемувањето на бројот на вакцинирани лица.
Гејтс прогнозира дека за една година болеста ќе биде на ниво на сезонски грип.
Американецот изјави и дека бројот на починати и заразени од Ковид до средината на 2022. година би можело да го достигне нивото на сезонски грип, но само под услов во меѓувреме да не се појави нова варијанта на вирусот.
Гејтс рече дека се повеќе луѓе ќе развиваат природен имунитет, а ќе има повеќе вакцини и ќе станат достапни и антивирусни лекови.