Јанушев: Народот гледа на што се е подготвен Заев, поради тоа ќе биде казнет

Минатиот четврток се случи преседан и срамен чин, а непојавувањето на Кастриот Реџепи во Собранието само покажува до кое ниво е пуштен режимот насекаде во државата, па и до пратениците во Собранието. Ова меѓудругото го изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во емисијата „Само вистина”.

Тој додаде дека доколку Кастриот Реџепи не бил киднапиран, требал да дојде во Собранието и да образложи зошто нема да гласа за доверба на Владата, а не мистериозно да исчезне.

Игор Јанушев смета дека играта на Заев и Реџепи е губитничка и поразителна, а ваквиот начин на спречување на спроведување на волјата на народот е само мотив плус за граѓаните да ги казнат и на наредните парламентарни избори.

„Заев можеби смета дека со киднапирање советници ќе се одржи на власт и дека нема да одговара  за сите лоши политики, но реалноста не е воопшто таква. Еднаш изиграа задкулисно и дрско, но втор пат тоа нема да се дозволи. Народот гледа на што се е спремен Зоран Заев и токму поради тоа тој ќе биде казнет. Опозицискиот блок окрупнува и тоа ќе се види за многу скоро време” порача Јанушев.