Апелација му го укина куќниот притвор на Миле Јанакиески

Апелациониот суд Скопје денеска побара од Основниот кривичен суд Скопје да биде укинат куќниот притвор на обвинетиот во повеќе судски предмети – Миле Јанакиески и истиот да биде заменет со мерка претпазливост.

„Постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 9/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор“ се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Нему му се изрекува мерката претпазливост што претсавува забрана за напуштање на територијата на државата и Град Скопје, односно обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа.

Миле Јанакиески е во притвор 3 години, од кои над 2 години помина во куќен притвор