Бектеши: По Нова Година минималната плата 18.000 денари

Министерот за економија Крешник Бектеши на Телма телевизија изјави дека до крајот на годината Владата треба да го усвои Царинскиот тарифник каде што најголем дел од цатинските тарифи се намалуваат на 0 проценти, или ќе бидат на исто ниво како на Европската унија, што значи помали трошоци за компаниите. Министерот додаде дека во исто време расте и минималната плата, која од 9.000 денари во 2017 година, сега е над 15.000 денари.

„Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, после Нова година. Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22.000-23.000 денари, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор. Само мининалната плата е зголемена за 100 отсто за четири години, колку што не е направено со години наназад“ – рече Бектеши.

Во однос на цената на струјата, министерот Бектеши појасни дека не се очекуваат ценовни шокови.