Али Ахмети – лидерот на Демократската унија за интеграција на Фејсбук објави видео со изјави на високи претставници на владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во видеото се изнесени обвинувања против ДУИ, за криминал и корупција.
„Континуирано со години различни актери со напори да и наштетат на ДУИ, како и да ја искористат за остварување на целите на нивните секојдневни партиски политики“ напиша Ахмети на Фејсбук.