Арсовска до приватните превозници: На суд докажувајте дали ЈСП ви должи, ќе има јавен повик за нови превозници

Наместо да одговори на советничките прашања на кој начин приватните превозници фактурираат кон ЈСП за извршените услуги и колку картички се наплатени од приватните возачи на се издавале за нив фискални сметки, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска им порача на приватните превозници кои цел ден го блокираат градот кај Судска палата да си поднесат тужба ако сметаат дека некој им должи.

– Јас имам впечаток дека сите сме тука да го штитиме јавниот интерес, ако го штитиме приватнио џеб, демантирајте ме. Си има договорни обврски, некој не ги почитува, некој престана да ги вози граѓаните и договорите се раскинати. Ќе има јавен повик за превозници и тие ќе можат да си ја остваруваат својата дејност чесно рече Арсовска.

Арсовска рече дека и кон ЈСП има долгови, како на пример тој од Оптшина Бутел но вели претпијатието на затвори булавари и не ја блокираше оптината.

-Си има суд и таму преку тужба ќе се докажува кој кому му должи. Ние немаме опомена од приватните превозници, ниту тужба и така може да се реализира договорно право. Го поддржувам правото на протест, но единствените кои губат се граѓаните – одговори Арсовска на советничко прашање потенцираше градоначалничката.

Директорот на ЈСП, Александар Стојковски објасни пред советниците во Град Скопје дека претпријатието ги исплатило сите долгови кон ЈСП. И апелираше градот да распише нов Јавен повик за превозници и тие да се склучат со индивидуални компании.