Апелација ги укина мерките куќен притвор за Драги Рашковски и за Трајко Вељановски

Скопскиот Апелациски суд ги укинал мерките куќен притвор за екс-генералниот секретар на Владата – Драги Рашковски и за поранешниот претседател на Собранието – Трајко Вељаноски, пренесува „Мкд.мк“.

Според информациите, во случајот со Рашковски, судот ја прифатил понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот. На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје. Привремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Трајко Вељаноски, пак, беше во куќен притвор за случајот Организатори на 27. април за кој од првостепениот суд е осуден на 6 години и 6 месеци затвор.