Инфлацијата во Турција на највисоко ниво во последните две децении

Во Турција минатиот месец беа забележани 48,69 % инфлација, што ја означува највисоката стапка од средината на 2002 година, непосредно пред доаѓањето на власт на владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган – јавува ДПА.

Инфлацијата е резултат на поскапувањата на струјата, природниот гас и патарините на почетокот на оваа година.

Турскиот институт за статистика соопшти дека инфлацијата во јануари е зголемена за 11,1 отсто во споредба со претходниот месец.

Транспортот, храната и опремата за домаќинството се меѓу ставките што забележаа најголеми зголемувања од година во година.

Турската економија веќе со месеци наназад се бори со падот на вредноста на националната валута – лирата, високата невработеност и покачувањето на цените.