За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата „ИПСОС“ изработи теренска анкета на јавното мислење на 1.000 испитаници за периодот од 06 до 26 април 2022 година.
На прашањето доколку утре се оддржат предвремени парламентарни избори и доколку на тие избори се кандидираат само партии, а не коалиции ВМРО-ДПМНЕ би освоила 22% од гласовите, а СДСМ 12.9%.
За ДУИ гласале 6.2%, за Левица 5.4%, а за Алијанса за Албанците 2.8%.
На прашање кои се најзначајните проблеми, дури 20% одговориле дека тоа се лошиот стандард, ниските плати и пензии и високите цени, додека 19% одговориле дека тоа се економијата и финансиите.
За досегашното работење на премиерот Димитар Ковачевски 38% од испитаниците велат дека има лош резултат 38%, а за добар резултат типуваат 24% од нив.
На прашањето која страна ја поддржувате во војната со Украина, за Русија се 13% од испитаниците, наспроти 29% кои се за Украина.