Наскоро нема да има посета на Петков на Македонија

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков наскоро нема да го посети Скопје, изјави шефицата на неговиот премиерски кабинет – Лена Бориславова.

„Наскоро нема да има посета, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме врз основа на Договорот за добрососедство. Така што, како што вчера потврди и македонската страна, меѓувладината конференција се одлага додека не видиме чекори поврзани со исполнување на критериумите и разбирање, што покажуваат заштита од дискриминација на бугарското етничко малцинство“ – изјави Бориславова за БНТ.

Таа нагласи дека „Бугарија не бара малцинство” во Македонија, туку „вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Република Северна Македонија, со цел да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи”.

Таа потенцира дека промена на бугарскиот став кон ветото ќе биде можна само со постигнување на широк консензус меѓу владејачката коалиција и опозицијата.