Андреја Богдановски: Вселенскиот Патријарх покажува пастирска грижа со одлуката да го врати македонскиот народ и МПЦ-ОА во канонско единство

Андреја Богдановски - докторанд на Универзитетот во Бакингем, Велика Британија каде ги истражува движењата за автокефалија во Источна Европа и на Балканот

„Несомнено одлуката од страна на Вселенската патријаршија претставува еден историски чин кој оди во прилог кон целосно разрешување на македонското црковно прашање и стремежот на македонскиот народ за автокефалност. Како и во случајот со Украина, така и овде Вселенскиот Патријарх покажува пастирска грижа со тоа што денешната одлука би требало да го врати македонскиот народ и МПЦ-ОА во канонско единство и општење со другите цркви, а со тоа и прекин на шизмата од 1967.

Се разбира за целосно докомплетирање на процесот од голема важност ќе биде позиционирањето на СПЦ по однос на денешната одлука на Фанар. Денешниот чекор не значи и добивање на томос за автокефолнаст, што е чин кој би требало да го круниса овој процес со што МПЦ или Охридската Архиепископија би стекнала и де јуре автокефалност.

Српскиот патријарх Порфириј може да биде кочничар на процесот, но не и целосно да го прекине истиот, но може и да се одважи на повикот на Вселенскиот Патријарх и да помогне во надминување на овој јаз во православието и брзо ефектуирање на евентуална автокефалија“.

Ова за Трилинг го изјави Андреја Богдановски – докторанд на Универзитетот во Бакингем, Велика Британија каде ги истражува движењата за автокефалија во Источна Европа и на Балканот.