Алек Наумовски: Како созреваме како луѓе, така ни се намалуваат очекувањата

Интервјуто со македонскиот топ модел Алек Наумовски го правеше Марија Димишкова

Алек Наумовски е македонски топ модел и еден од основачите на модната агенција „Моделс Ин“.

Трилинг: Што ви ја одбележа 2021 година?

Алек Наумовски: Воедно за мене 2021 беше тешка година. Иако можам да се пофалам со големи успеси кои ги направија моите интернационални модели, каде посебно би ја издвоил Ивана Манас која имаше одличен и голем пробив на светската модна сцена. Од друга страна, најтешка година заради загубата на мои блиски и драги модели од мојата агенција.

Трилинг: Што очекувате од 2022 година?

Алек Наумовски: Како созреваме како луѓе, така ни се намалуваат очекувањата. Секако најсреќен би бил ако моите блиски луѓе бидат тука за мене и би посакал поголеми успеси на личен и професионален план. Се надевам на некаков можен крај на светската пандемија и конечно да можам безгрижно да ги гушнам сите оние кои ми значат.