Дмитро Кулеба – шефот на украинската дипломатија изјави дека многу руски војници ќе загинат доколку Русија изврши инвазија врз неговата земја.
„САД и нивните сојузници можат економски да ја нападнат Русија. Ние ќе се бориме на земја. Жал ми е што го кажувам ова, но ќе има многу убиени руски војници. Се надеваме дека претседателот Путин не сака тоа да се случи“ – рече Кулеба кој е во посета на Велика Британија.
Кулеба рече дека работи со сојузниците за начините како да се одбрани од Кремљ, но тврди дека украинската армија е подготвена да ја брани земјата.
„Ние, заедно со нашите партнери, треба да ја направиме ситуацијата таква што цената за Путин ќе биде неподнослива“ смета Кулеба.