Австралија го победи Ѓоковиќ – итно ќе си замине од земјата

Првиот светски тениски рекет – Новак Ѓоковиќ го загуби спорот пред Федералниот суд на Австралија откако и официјално влезната виза му е добиена и сега итно мора да ја напушти земјата, соопштија утринава австралиските власти по неколкучасовната судска расправа. Одлуката на судечкиот совет била едногласна.

Ѓоковиќ сигурно нема да ја брани титулата на Австралија опен, а постои голема веројатноста да го загуби и првото место на АТП листата.

Светскиот рекет број 1 веднаш со реакција по пресудата откако не помогна ниту жалбата против одлуката за укинување на австралиската виза.

„Сега ќе направам пауза за да се одморам и да закрепнам, а дополнително ќе дадам коментари подоцна. Крајно сум разочаран од одлуката што значи дека нема да можам да останам во Австралија и да се натпреварувам на Австралија опен. Но, јас ја почитувам оваа одлука и ќе соработувам со властите за моето заминување од Австралија. Засрамен сум што последните неколку недели целото внимание беше насочено кон мене и се надевам дека сега ќе можеме да се фокусираме на натпреварите и турнирот што го сакам. Би сакал да им посакам успешен турнир на играчите, натпреварувачките работници, волонтерите и навивачите ширум светот. И, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и сонародниците за нивната постојана поддршка. Тоа ми даде многу сила“ – рече Ѓоковиќ.

Целата сагата започна на 5 јануари по пристигнувањето на српскиот ас за да учествува на Австралија опен – првиот годинешен грен слем турнир кој започнува утре.

Австралиската гранична стража го приведе тенисерот на аеродромот и по сослушувањето ноќта на 6 јануари, му ја откажа визата на Србинот, бидејќи се обидел да влезе во Австралија без соодветна документација за медицинско ослободување од вакцинација против коронавирус. Граничната служба дадените податоци ги смета за недоволни. Тогаш тенисерот требаше да биде депортиран, но судот ја укина оваа одлука по жалбата на спортистот на 10 јануари.

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук на 14 јануари донесе лична одлука и објави дека визата на Ѓоковиќ е укината по вторпат.

Австралиската влада смета дека присуството на Ѓоковиќ во земјата е јавна закана, бидејќи за многумина, особено за луѓето кои не сакаат да се вакцинираат, тој е икона и пример.