Аватар 2 во кината во 2022. година, ќе заработи многу пари
Режисерот Џејмс Камерон изјави дека продолжението на неговиот блокбастер од 2009 година – филмот Аватар треба да почне да се прикажува во кината во 2022. година.
„Големиот проблем е дали ќе освоиме толку многу пари. Големи, скапи филмови треба да направат многу пари. Ние сме во нов поствоен свет со глобален раст на стриминг. Можеби никогаш нема повеќе да ги видам тие броеви. Кој знае? Сето тоа е големо како фрлање на коцките“ рече Камерон во интервју за „Entertainment Weekly“.
Тој додава дека Аватар 2, во кој играат Сем Вортингтон, Зои Салдана, Стивен Ланг, Сигурни Вивер, Кејт Винслет, Еди Фалко му овозможил да ги „спои своите двете најголеми љубови – режијата и истражувањето на океанот“.
„Звучи некако лудо, но ако Аватар не заработи толку пари, немаше да снимам втор дел. Но, јас се занимавам со океаните, дури и кога не снимам филм. Кога би можел да ги спојам моите две најголеми љубови, едната е истражување на океаните, а другата снимањето, зошто да не?“ – вели Камерон.