Макрон: Франција нема да воведе анти-ковид тестови за патници од ЕУ

„Франција не планира да воведе тестови против ковид за патниците кои доаѓаат од други земји на Европската Унија“. Ова е ставот на францускиот претседател – Емануел Макрон. Тој напомена дека се залагаат за правилно функционирање на заедничкиот простор.

Макрон синоќа зборуваше за ПЦР тестовите, но неговата изјава се однесуваше и за тестовите за антигени, се вели во соопштението од Елисејската палата.

Ирска, Португалија, Италија и Грција, бараат од патниците од другите европски земји, дури и ако се вакцинирани, да покажат негативен тест за Ковид-19.