Џонсон: Русија е виновна за воено злосторство во Украина

Борис Џонсон – премиерот на Велика Бритаија го нарече рускиот претседател Владимир Путин – воен злосторник и побара едногласност на ОН да ја осудат руската инвазија врз Украина. Неговите коментари во Парламентот предизвикаа овации од присутниот амбасадор на Украина.

Голем дел од пратеници носеа облека во сина и жолта боја.

„Она што веќе го видовме од режимот на Владимир Путин, во употребата на муницијата што тие веќе ја фрлаа врз невините цивили, според мене целосно се квалификува како воено злосторство“ – нагласи Џонсон.

Британските министрти предупредуваат дека Путин, неговите пријатели и команданти би можеле да се соочат со гонење пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој веќе отвори истрага за инвазијата.

Џонсон предупреди на дополнителни санкции доколку офанзивата продолжи, повторувајќи го новиот слоган од три збора: „Путин мора да падне“.