Вучиќ: Ситуацијата се влошува, да ги надминеме сите предизвици

Ситуацијата во Европа и светот станува се потешка поради конфликтот во Украина и затоа српското раководство ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди нормален живот на граѓаните на нашата земја“ изјави во видео обраќањето српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Верувам дека заеднички и обединето ќе успееме да ги надминеме сите политички предизвици“ рече претседателот Вучиќ.

„Економските предизвици стануваат се потешки и поголеми. Затоа реагираме на највисоките цени во историјата, и на јаглен и струја и гас и сите суровини. Но, драстично растат и цените на основните прехранбени производи. Затоа е важно да преземеме мерки, а за сите мерки ќе ве информираме во најбрз можен рок, вечерва или утре. Важно е да реагираме без паника, бидејќи убеден сум дека ќе ја зачуваме стабилноста и мирот и добриот живот за нашите граѓани“ рече тој.