Седум руски банки се исклучени од мрежата СВИФТ

Санкциите на Европска Унија против Русија по инвазијата на Украина се зајакнуваат, па 7 руски банки се исклучени од меѓународната мрежа за размена на пораки за банкарски трансакции СВИФТ (SWIFT).

Мерката се однесува и на втората по големина руска банка – ВТБ, а потоа следат Банка Отркитие, Новикомбанк, Промсвјазбанк, Банката Росија, Совкомбанк и ВЕБ.

Најголемата руска банка, Сбербанк и Газпромбанк, трета по големина, не се на листата на санкционирани банки бидејќи преку нив се одвива најголемиот дел од плаќањата за руски гас и нафта, кои земјите-членки продолжуваат да ги увезуваат од Русија.

Критериумот за избор на овие седум банки беше воспоставен според нивната поврзаност со руската држава, со што имплицитно беа вклучени во воените напори.