Ќе се укине мерката за барање на сертификати при влез во објекти!

Комисијата за заразни болести денеска препорача укинување на сертификатите задолжителни за влез во моловите, односно онаму каде што не е задолжително носење маски.

Донесовме еден заклучок, а тоа е да се препорача укинување на сертификатите задолжителни за присуство на моловите, односно каде не е задолжително носење маски. Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестрикциите, но секако за следнитот развој ќе бидеме многу внимателни, бидејќи не сакаме со нагло отфрлање на сите мерки да постигнеме неочекувани резултати“ – рече на денешната прес-конференцијата претседателот на Комисијата за заразни болести – Александар Петличковски.

Од Комисијата посочија дека почнува кампања за закажување термини за сите оние кои имаат нецелосна вакцинација, односно тие што немаат примено бустер доза, а се во ризичните групи.

„Ризични групи граѓани, односно оние кои имаат над 65 години и имаат коморбидитети или помлади од 65, а имаат повеќе коморбидитети. Ќе им стигне СМС порака која ќе ги извести дека треба во точно одреден термин да го посетат пунктот за да бидат вакцинирани“ велат оттаму.