Јовески: Нема да е кабелот виновен за пожарот во модуларната болница во Тетово

„Има осомничени за пожарот кој минатата година се случи во модуларната болница во Тетово“.

Ова за емисија на ТВ24 го изјави државниот јавен обвинител – Љубомир Јовевски.

„Не може да се каже дека кабелот е виновен и дека никој нема да одговара. Познато е во јавноста дека обвинителството води постапка за овај случај. Мора да сфатите дека се работи за огромна трагедија, за изгубени многу животи на наши граѓани, дека обвинителството превзема многу дејствија само. Сослушани се повеќе од 40-тина сведоци“ рече тој.

Јовески потенцираше дека поради сложеноста на предметот беше потребно многу време и деновиве ќе биде поднесено обвинението.