
Шпанија: Уапсен осомничен за испраќање писма-бомби до амбасадите и премиерот
Шпанската полиција денеска уапсила лица осомничени дека во ноември и декември испраќале писма со бомби до украинската и американската амбасада, како и на адреси на повеќе државни институции во Шпанија, соопшти МВР во Мадрид.
Станува збор за шпански државјанин, кој е приведен во северниот град Ебро, а полицијата се уште го претресува неговиот дом, пренесе Ројтерс.
Едно лице е полесно повредено во писмо-бомба испратено до украинската амбасада во Мадрид, а вкупно шест пакети биле испратени на повеќе локации, вклучувајќи ја и канцеларијата на премиерот Педро Санчез, во периодот од 24 ноември до 2 декември.