Фудбалер доживеал срцев удар на тренинг, лекарите трипати го враќале во живот

Десниот бек на АЕК, кој моментно настапува на позајмица во Зорја, Украинецот Олег Данченко, доживеал срцев удар, но сè уште е во животна опасност.

Данченко ја загубил свеста на тренингот на Зорја на подготовките во Турција, а лекарот на тимот со дефибрилатор трипати го враќал во живот. Потоа фудбалерот бил пренесен во болница на одделението за интензивна нега и се наоѓа во критична состојба.

Дел од медиумите пишуваат дека Данченко доживеал мозочен удар, а други пишуваат дека станува збор за срцев удар.

Олег Данченко на 14 јануари 2022 година доживеа голема трагедија, неговата сопруга загина во сообраќајна несреќа во близина на Одеса.