(Фото) Синот слави откако неговата мајка е пронајдена жива 176 часа по земјотресот

Иако шансите да се најде некој жив значително се намалуваат од час во час, неколку луѓе се спасени по повеќе од една недела по страшниот земјотрес.

Во јужниот турски град Адијаман е спасено малото девојче Мирај. Таа била пронајдена жива во урнатините на зградата и 178 часа по земјотресот.

Си-Ен-Ен Турк објави дека девојчето има шест години и дека спасувачите се блиску да ја извлечат од урнатините и нејзината постара сестра.

Можеби најтрогателните фотографии доаѓаат од Хатај, провинцијата каде што спасувачите извлекоа жива жена од урнатините на станбена зграда.

Нејзиното име е Серап Донмез, а особено впечатливи се фотографиите на кои нејзиниот син го слави откривањето на мајка си.

Уште една жена, 70-годишната Нурај Гурбуз, денеска е пронајдена жива во Хатај, 178 часа по земјотресот.