
Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската Комисија се сретна со премиерот на Норвешка – Јонас Гар Стор, стратешка земја во однос на набавката на гас во ЕУ. Таа пред почетокот на средбата со норвешкиот премиер изјави дека Европската Унија е решена да се ослободи од зависноста од рускиот гас и и се заблагодари на Норвешка за нејзината улога во оваа цел.
„Ќе разговараме за енергијата. Русија ја инструментализира енергијата со месеци, ако не и години, за да врши притисок врз Украина, но и врз ЕУ, и ние сме решени да излеземе од зависноста од рускиот гас“ – рече Фон дер Лајен.
Таа додаде дека Норвешка секогаш била партнер од доверба кога и бил потребен гас на Европската Унија.
„Гасот за ЕУ е важен, но е транзициски извор на енергија, бидејќи конечната цел на ЕУ е да се сврти целосно кон обновливите извори на енергија до 2055. Тоа е стратешка инвестиција во нашата независност“ рече претседателката на ЕК.