УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари
Неказнивоста за убиства на новинари расте, за првпат од 2012 година, предупреди денеска Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) во извештајот објавен на Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите.

Оваа година, „глобалната стапка на неказнивост за убиствата на новинари порасна за еден процентен поен и достигна 86 проценти“, се наведува во извештајот и се додава дека од 2012 година, таа стапка била во постојан пад – од рекордно високите 95 проценти паднала на 85 проценти во 2024 година.
Стапката на неказнивост ги опфаќа убиствата за кои истрагите не дале резултати или сè уште се во тек.
Извештајот, кој се објавува на секои две години, документира смрт на 189 новинари, медиумски работници и креатори на содржини на социјалните мрежи кои се занимавале со новинарска работа во текот на 2024 и 2025 година – вклучувајќи и 14 жени.
Тоа го претставува најсмртоносниот двогодишен период за новинарите во последните десет години, се наведува во извештајот на организацијата на ОН со седиште во Париз.
Две третини од овие лица (67 проценти) се убиени во зони на конфликт, како што се палестинските територии, Јемен или Украина.
Од 2006 година, кога УНЕСКО почна да ги следи ваквите инциденти, ширум светот се убиени вкупно 1.641 новинар.