Украсна паричка, стаклена вазна, златен меч… – какви подароци примиле функционерите?

Државната комисија за спречување на корупцијата го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година, во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор.

Државната комисија за спречување на корупцијата го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година, во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор.

Каталогот овозможува јавен увид во податоците за пријавените подароци и придонесува кон поголема отвореност на институциите, како и кон зајакнување на довербата на јавноста во нивното работење.

„Објавувањето на каталогот претставува значаен дел од системот на институционален интегритет, имајќи предвид дека пријавувањето на подароци е еден од клучните механизми за превенција од судир на интереси и за зајакнување на етичкото постапување на носителите на јавни функции“, стои во соопштението од ДКСК.

Антикорупционерите укажуваат дека навременото и целосно пријавување на подароци од страна на службените лица е важен показател за нивниот интегритет и одговорност, како и за доследна примена на законската рамка.

Во делот на поднесоци за подароци од јавни лица има вкупно 55 ставки, при што најмногу пријавиле државен ревизор, Максим Ацевски и Претседателот на Собранието Африм Гаши.

Ацевски пријавил најмногу сувенири, односно рамка со народна носија, украсна паричка, украсен брод, керамички сувенир, декоративна стаклена вазна…

Гаши, пак, го пријавил како подарок објектот Совет Шура, потоа златен меч во рамка, бисер поставен во златна школка, рачно цртана порцеланска вазна, скулптура „глава на коњ“, златна и сребрена монета…

Во делот на поднесоци за подароци од вработени има пријавено 12 ставки.

Па, раководител на сектор во Дирекција за технолошки индустриски развојни зони пријавил подарок вино KARTAL VRANEC 0,75 l, тефтер и подлога за мауспад со лого на дарителот, додека советник во Државно правобранителство пријавил подарок книга во вредност од 300 денари.