
Минатата недела осуден убиец избега од затвор во Пенсилванија.
Данело Кавалканте (34) се искачи меѓу двата ѕида држејќи се за нив со рацете и нозете, а начинот на кој се искачи американските медиуми го опишаа како „одење на рак“.
Ова е огромен неуспех на овој американски казнено-поправен дом, со оглед на тоа што на почетокот на годинава уште еден затвореник побегнал од затворот на ист начин. На вработените во затворот им било кажано дека жицата била поставена по претходното бегство, но дека таа очигледно не била ефективна.
Вршителот на должноста управник на затворот во округот Честер, Хауард Холанд, на прес-конференција рече дека затворот ангажирал советници за безбедност по бегството на Игор Болте на 19 мај, кој на полицијата и рекол дека неговото искуство со качување по карпи му помогнало да избега.
„Иако верувавме дека нашите безбедносни методи се доволни, се докажа спротивното. И сега брзо ќе преминеме на понапредни безбедносни мерки“, рече Холанд.
Видеото објавено од затворот го покажува Кавалканте како оди по ѕидот додаде Холанд, ставајќи ги рацете на едниот ѕид, а нозете на другиот ѕид за да се искачи. Откако стигнале до покривот, двајцата затвореници можеле да се спуштат по скалата до нечуваниот дел од затворот.
Newly released video shows convicted murderer Danelo Cavalcante escape from the Chester County Prison exercise yard in Pennsylvania on August 31. He shimmys up the wall backwards. pic.twitter.com/Hh14NrxdiU
— Brian Entin (@BrianEntin) September 6, 2023