Трифонов: Да зависи од мене, на Македонија би и ставил ново вето

Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов не отстапува од идејата за воведување ново вето за интеграција на Македонија во ЕУ.

Тој во интервју за БНР за претстојните парламентарни избори во Бугарија коментираше и за прашањето „Северна Македонија“.

– Луѓето се убедија дека таканаречените Македонци дејствуваат само кога се притиснати до ѕид. Инаку, гледате што прават. Тоа е многу тажно, изјави Трифонов.

На прашањето дали Бугарија има механизам да ги притисне до ѕид, тој вели дека ако зависи од него, ќе направи сѐ што е можно да ги притисне и додаде дека треба „задолжително вето за влез во ЕУ“.

Трифонов и неговата партија на последните избори не успеаја да го преминат изборниот праг и не влегоа во бугарското Народно собрание.