
Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со плата под 600 евра
„260.000 од 530.000 работници се со плата под 600 евра, објави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во пресрет на протестот на 1 Мај.
„260.000 од 530.000 работници се со плата под 600 евра, објави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во пресрет на протестот на 1 Мај.
– Нешто над 50% во просек од вкупниот број на работници во 2025 година примаат плата под 600 евра или колку што бараа работниците да изнесува минималната плата.
Прашање е што се подготвени овие работници да направат за да си го подобрат животниот стандард:
а) Да протестираат на 1 Мај
б) Да не направат ништо
в) Да заминат на продолжен викенд – стои во објавата на Фејсбук.