
Трајанов, лидерот и пратеникот на Демократскиот сојуз повеќе нема да биде дел од парламентарното мнозинство. Трајанов нема да ја подржи владината реконструкција, соопшти партијата.
Централниот совет на Демократски сојуз заклучил дека програмските приоритети на партијата усогласени со СДСМ пред парламентарните избори во јули 2020 година, како и во декември 2021 пред формирањето на Владата на Димитар Ковачевски, не се имплементирани.
Од ДС велат дека коалициските партнери не ја поддржуваат нивната идеја за една изборна единица, а затаила и борбата против корупција. Не е реализиран ниту приоритетот на ДС за донесување закон за формирање Фонд за младите од 2% од Буџетот, како и вработување на сите студенти по дипломирањето во јавниот или во приватниот сектор на година дена со просечна плата остварена во претходната година.