
Трамп: Уапсените во близина на воена база во Западна Англија планирале да нанесат „голема штета“
Беше фантастично. Соработувавме со Британија и работата беше завршена неверојатно добро. Ги имавме под истрага. Тие планираа да нанесат голема штета на нашата база, а соработката со Британците одлично функционираше. Долго ги набљудувавме и ги фативме. Благодарам, изјави Трамп
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека петтемина приведени во близина на воена база во Западна Англија, што ја користи американската армија, планирале да нанесат „голема штета“.
Тој истакна дека САД соработувале со Велика Британија при апсењето на петте мажи во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (РАФ) во Ферфорд.
– Беше фантастично. Соработувавме со Британија и работата беше завршена неверојатно добро. Ги имавме под истрага. Тие планираа да нанесат голема штета на нашата база, а соработката со Британците одлично функционираше. Долго ги набљудувавме и ги фативме. Благодарам, изјави Трамп.
Британската антитерористичка полиција утрово примила дојава за три сомнителни возила кои се движат кон базата во Ферфорд, што ја користат американските бомбардери Б-1, кои учествуваа во напади врз Иран. Ферфорд, исто така, служи како напредна оперативна локација за на американската Команда за глобални напади, која управува со нападите на голема оддалеченост.
Првично медиумите објавија дека се приведени шест лица, а подоцна јавија дека се приведени петмина, под сомнение дека подготвувале терористички напад.
Владата на Велика Британија во март одобри американското военовоздухопловство да ја користи базата Ферфорд за напади врз на ирански ракетни локации, од кои се таргетираа бродовите во Ормуска Теснина.
Полицијата истражува неколку можни мотиви, вклучително руска саботажа, исламистички заговор или мотив поврзан со Иран. Меименувани полициски извори наведоа дека ако во инцидентот е вмешан Техеран, најверојатно ќе ангажираше свои оперативци, а не криминални посредници.