Теодосиева: Не знам зошто не сум вработена, дел од аудициите на кои конкурирав веќе беа наместени!

Разговорот со Теодосиева го водеше Марија Димишкова

„Улогата на Родна во `Врба` ја сметам за мое актерско созревање, тоа беше детален процес, и доста емотивен и тежок за мене. Се снимаше месец дена, цела година работа на еден лик. Манчевски, поради неговите претходни успеси, тргнавме со него на освојување на светските фестивали. Не препознаваат интернационално, зема награди“ – вели актерката Наталија Теодосиева во најновото издание на Трилинг.

Таа вели дека „ја мачи темата зошто не е вработена во ниеден театар“.

„Многу често добивам објаснување дека не сум била доволно подготвена за одредена аудиција, пред се треба да се земе мојот ангажман, а не само тие 5 минути кога се појавувам на аудиција. На неколку други аудиции на кои сум учествувала, конкурсите веќе биле наместени. Моите колеги, некои чувствуваат уште поголемо разочарување. Да имаш матична куќа, значи загарантирана работа. Луѓето сакаат да играат, меѓутоа нема место за сите“ вели Теодосиева.

„Талентот наградите и упорноста се чини не се доволни, изгледа ви требаат `луѓе` – вели Теодосиева.