Вооружени цивили ги чекаат руските трупи на улиците на Киев

Мажи во тренерки на контролните пунктови во Киев, со пушки на грб. Млади доброволци лежат на земја зад противтенковски оружја, скриени меѓу дрвјата покрај патот“. Ова е извештајот на репортерот на „Би-Би-Си“ од Киев.

„Како што одиме понатаму, наидуваме на професионални војници подготвени за последната битка. Ги следи украинската артилерија и тенкови свртени кон позицијата на руските трупи, на помалку од 30 километри од центарот на главниот град“ – вели тој.

Пишува дека за време на понатамошното возење виделе војници распоредени по широките гребени кај реката Днепар. Некои украински снајперисти лежеле на земја и ги гледаа низ нишаните.

„Гледаме загриженост на лицето на младиот човек. Постои страв дека за неколку часа би можеле да се сретнат и да се судрат со руската армија, која се обидува да го освои нивниот главен град“ – напиша новинарот на „Би-Би-Си“.